Викенд временска прогноза - УХМР со најава што не чека
Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Наредните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
07.03.2025 - 07:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа