Петардите сеуште си стојат на тезги - на Бит пазар мирно како ништо да не било

Мирна атмосфера на Бит пазар по вчерашниот хаос кој се создаде при полициската акција за спречување на нелегалната продажба на петарди. Сообраќајот се одвива нормално, присуството на полицијата е намалено, а на тезгите сеуште се продаваат пиротехнички средства.

Вчерашните инциденти настанаа кога поголема група на луѓе вчера околу 14 часот ја спречи полицијата да изврши контрола на скопски Бит пазар. Со цел да ja предупреди групата, полициските службеници пукале во воздух. Како што веќе објавивме, во инцидентот беше повреден еден полициски службеник.

Полицијата перидов врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба петарди. Само во текот на последниов месец, полицијата заплени околу 200.000 парчиња.

Погледнете ги фотографиите и видеото од вчерашниот инцидент.

30.12.2013 - 11:44
Фото: 
Алмакос

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега