ФОТО: Не постои нешто на кое оваа тинејџерка не е алергична

 

17- годишната Брајани Копланд од Англија е алергична на прашина, на сите неприродни ткаенини, на трева, на полен, па дури и на сончева светлина. Брајани е во тешка состојба и постојано се бори со со сериозни облици на дерматитис, астма и артритис.

Тинејџерката деновите ги поминува дома завиена во завои бидејќи изложеноста на надворешните влијанија и предизвикува бројни пликови.

- “Три пати дневно морам да ставам креми, а завоите го носам секоја вечер за кремот да се задржи на кожата. Исто така морам да се капам најмалку два пати дневно, бидејќи е премногу болно кога мојата кожа ќе се исуши и ќе почне да пука”, вели Брајани.

Дефинитивно тинејџерката поминува низ вистински хорор.

30.12.2013 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега