25 сообраќајки во Скопје за само три дена

Во изминатите три дена се случиле дури дваесет и пет сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје. 

Во петокот се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди на кои сообраќајната полиција извршила увид. Од нив четири се со последица материјална штета, а пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле пет лица – двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус.

Се случила и една несреќа со загинато лице. Во незгодата која се случила во 20 часот и 30 минути на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ и бул. „8 Септември“, учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, 25 годишна радовишанка. Како последица на повредите девојката им подлегнала на повредите на лице место. За сообраќајната незгода известен бил истражен судија и јавен обвинител кои излегле на лице место, а увидот го препуштиле на увидната екипа на СВР Скопје за утврдување на причините поради кои е дојдено до незгодата.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле и пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во саботата, на 28 декември, сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета, а една е со последица телесни повреди во која со полесни повреди се здобило едно лице.

Според евиденцијата, се случила и една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив една е со последица материјална штета, а четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле и пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на овие три дена биле откриени и санкционирани 59 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Во контролата на брзината на движење биле откриени и санкционирани 22 возачи кои не ги почитувале ограничувањата. Од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Преземени се мерки и према шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 19 возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и 38 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ викендов биле отстранети 106 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

СПоред информациите од МВР, денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува нормално и тековно одвивање на сообраќајот според постоечката регулатива.

30.12.2013 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа