Од што боледува тинејџерската атракција Селена Гомез?
Тинејџерската атракција Селена Гомез го откажала азискиот и австралискиот дел од нејзината турнеја, а по откажувањето започнаа шпекулациите дека таа боледува од лупус долго време .
Како што наведува близок извор до Селена болеста и била дијагностицирана пред неколку години и во последно време излегла од контрола.
- „Последниве неколку години, Селена помина низ многу, па нејзината здравствена состојба почна да се влошува. Таа е свесна дека треба да земе пауза и да се посвети на лечење и подобро да внимава на себе, ако сака нормален живот“, изјавил близок до Гомез.
Симптомите на оваа болест се воспаленија, отеченост и оштетеност на зглобовите, кожата, бубрегот, срцето и плуќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа