Српска пејачка се најде среде мафијашка пресметка

 

Пејачката Вики Миљковиќ ни крива ни должна се нашла среде мафијашка пресметка во центарот на Сараево. Пејачката вели дека се било како на филм и мислела дека ќе го загуби животот кога во казино во нејзина близина влегле разбојници и отвориле оган.

- Бев во фризерски салон во Трговскиот центар во Сараево. Само што влегов слушнав пукотници. Се најдов на два метри од казиното каде се одвиваше хоророт, вели таа. 

Пејачката додава дека луѓето бегале на сите страни, а таа легнала на подот и таа минута и делувала како вечност.

- Јас само мислев дали сопругот излезе од трговскиот центар. Беше многу страшно, вели пејачката за српскиот Курир.

30.12.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега