Земјотрес ја стресе Италија
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтер го погоди јужниот дел на Италија.
Според Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија потресот бил со јачина од 4,9 степени, додека американскиот Геофизички институт соопшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,2 степени.
Земјотресот e почувствуван во Наполи, Авелино и Казерта.
Нема информации за жртви и предизвикана материјална штета.
30.12.2013 - 08:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа