Двајца скопјани искасани од кучиња скитници
Во текот на вчерашниот ден двајца скопјани пријавиле каснувања од кучиња скитници.
Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.Б.(76) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„22“ во с.Волково бил каснат од куче скитник.
Три часа подоцна во 13.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Ц.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
22.02.2025 - 14:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа