Хорор во ресторан:Струмичанец избодел сограѓанин
Вчера во 02.00 часот во с.Дражево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.М.(47) од с.Дражево, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.02.2025 околу 18.30 часот во угостителски објект во с.Ново Село, струмичко, со остар предмет го нападнал Д.Ѓ.(57) од с.Ново Коњарево, струмичко, и му нанел повреда.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
14.02.2025 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа