Укинати работните кампови во Кина

Како дел од напорите за заштита на човековите права, кинеските власти донесоа одлука за укинување на системот на работни кампови. 

Ваквите работни кампови, кои досега беа дел од кинескиот систем за отслужување на казни, беше одлука на Постојниот комитет на кинеското Собрание на народни претставници. 

Системот на работни кампови е формиран во 1957 година. За вклучување на лица во камповите не беше потребна соодветна судска одлука, а рокот на задржување во камповите можеше да достигне до четири години.

Според официјални податоци моментално во Кина има 351 ваков камп. Кон крајот на 2012 година во нив биле распоредени 50.000 лица.

28.12.2013 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега