ВРЕДИ: Дали Ахмети го жртвуваше Груби за слободата на Мијалков?

 

ДУИ, која дваесет години владееше со државата како со лична компанија, денес повторно се обидува да се претстави како партија што ги брани правата на Албанците. Откако останаа без институциите преку кои ги контролираа процесите и ја злоупотребуваа власта, сега се враќаат на реториката за „еднаквост“ и „правда“, зборови што одамна изгубија значење во нивната политика. Ова го велат денеска од ВРЕДИ преку соопштение за јавноста, кое ви го пренесуваме во целост.

Но, народот има право да праша: каде беше ДУИ кога вистински требаше да ги брани интересите на Албанците?

Дали правата на граѓаните беа приоритет кога договараа како Сашо Мијалков да остане слободен човек?

Дали сега, откако се опозиција, Али Ахмети ќе почне да го носи со себе Мијалков, како што го носеше Артан Груби низ институциите?

Артан Груби е во бегство, се жртвуваше за Сашо Мијалков да е на слобода.

Во годините кога ДУИ имаше апсолутна власт во клучните сектори, наместо да ги зајакнува државните институции, тие ги претворија во алатки за партиска корист. Наместо да обезбедат квалитетно образование за младите, тие ги фокусираа ресурсите кон своите лични и деловни интереси. Наместо да се борат за правна држава, тие се договараа зад затворени врати за да ги заштитат оние кои со години го уништуваа судскиот систем.

ДУИ не падна затоа што немаше политичка моќ – падна затоа што се изгуби во корупцијата.

Денес, кога веќе немаат институции во свои раце, кога не можат да ги контролираат обвинителството и судството, се обидуваат повторно да ја изградат сликата на борци за права. Но, граѓаните не забораваат дека токму ДУИ беше таа што ги претвори институциите во механизми за спас на корумпираните елити.

Затоа, секој пат кога ДУИ ќе зборува за правда, треба да потсетиме дека тоа е партијата што го спаси Мијалков. Секој пат кога ќе зборуваат за демократија, треба да се сетиме дека тие беа тие што ја партизираа администрацијата. И секој пат кога ќе ветат дека ќе се борат за Албанците, треба да прашаме – зошто не го направија тоа додека имаа моќ?

ДУИ ја изгуби довербата на народот затоа што ја издаде. Сега, кога веќе не можат да го контролираат системот, се обидуваат повторно да го заведат со лаги. Но, овој пат народот гледа, народот знае и народот ќе одлучи.

Време е за политика што не се договара со криминалци. Време е за политика што вистински работи за народот. Време е за политика без ДУИ.

04.02.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега