Костадниов: На сите да ни ги намалат платите по 200 евра
Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или околу 400.000 евра месечно. Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции за населението, особено за цената на гасот, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица, објави синоќа на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Неговото обраќање доаѓа по завчерашниот протестен марш против енормното загадување во Струмица што го организираа екологистите и препукувањата меѓу политичките партии за тоа кој е виновен за загадувањето во Општината.
Според струмичкиот градоначалник, во услови на ектремни цени, има реална можност да се прогласи економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите.
-Да не бидам погрешно разбран и јас барам мојата плата да биде намалена. Со таквата мерка би биле опфатени над 2.000 функционери, напиша Костадинов.
Додава дека живееме во време кога мора тие кои ја имаат честа од граѓаните да ги водат да се направи чекор со кој ќе скратат од себе си, а за бенефит на нацијата.
Според него, решението е едноставно и реално можно
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа