ФОТО: Албанци од црква направиле јавно WC

Православниот храм Свети Јован Крстител во Самодреж, е претворен во депонија. Локалното албанско население не дозволува тој да биде возобновен и го сквернави, пишува српски Курир.

„Сите обиди повеќегодишното сквернавење на православното светилиште да се запре останаа безуспешни, бидејќи албанските жители се противат на неговото обновување. Црквата е запалена, демолирана и за прв пат осквернавена во 1999 година, после доаѓањето на меѓународните сили на Космет. Најлошо е тоа што сквернавењето на ова светилиште со години се повторува, а никој никогаш не одговарал поради тоа’, пишува српски Курир.

Покривот на црквата е уништен, прозорите и вратите искршени. Внатрешноста на црквата е претворена во јавна депонија во која стоки и луѓе вршат нужда.

-“Црквата е уништена во 1999 година кога е запалена, а последните години албанските деца фрлаат ѓубре. Повеќе пати преку меѓународната заедница се обидовме да спречиме сквернавење на црквата и предлагавме на неа да се постават лимени врати и прозори, но албанската заедница се противи на обновата“, изјави владиката рашко-призренски Теодосије.

27.12.2013 - 23:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега