Марјан Николовски: Восхитувачи на глупоста

Кога и се восхитуваш и аплаудираш на глупоста и на будалиот, тогаш значи дека длабоко си заглавил во сопствена беда, беиздејност, бесчовечност. Тоа само ќе произведе, другите, во вас да ја видат само омразата, а таа е последната карактеристика на една личност… пред таа целосно да пропадне.

Не вреди ниту да и се спротивставуваш на глупоста, затоа што будалиот секогаш е подобар пријател со глупоста. Тие едноставно заеднички егзистираат. Се хранат еден со друг. Тој со глупостите, глупоста со неговото незнаење и будалаштини. Глупоста и будалиот можеш само да ги посочиш… Иако и не мораш. Сами од далеку се препознаваат. Безвредно е и да им понудиш помош.. Таа му е потребна на оној кој е свесен за сопствената глупост. На оној кој живее во убедување дека неговата глупост е вредносен систем, тогаш ниту десет бајачки не се од помош.

А, будалиот и глупоста ја одбележаа оваа 2013-та. Се искачија на пиедесталот. Таму се најдоа со восхитот на безидејните и аплаузот на безнадежните. А, кога некој ќе го искачиш на врвот тогаш тој треба да ви биде синоним за победата. Поистоветување со општеството. Но, кога на пиедесталот ти е глупоста и будалиот, тогаш јасна е понудата за иднината.

Глупоста и будалиот станаа политички инструмент. Тие се аргументи кои секогаш се користат како алиби за нечија немоќ, нешто како затскривање на сопствената глупост. Ги пушташ напред како перјаници да привлечат внимание, да создадат простор за дејствување, бидејќи на полето на идеи и вредносни критериуми шансите за натпревар со политичкиот противник ви се помалку од нула. И така менторирате со будалиот и неговата глупост. Секаде во светот глупоста и будалиот се само глупост и будалаштина. Само овде будалиот и глупоста се претставени како експонент во  борбата за демократија, отпор контра режимот.

Секојдневното силување на слободата на изразување од глупоста на будалиот, овде се претставува како “некаква борба за слободата на говорот”. Борба, со која нели сите треба да се поистоветат. И така сите заедно, во хор, по театри, кино сали, спортски натпревари, прес-конференции да ја демонстрираат глупоста на будалиот. Кој поглесен, тој побудала. Кој побудала, тој поголем борец против “узурпаторите на демократијата”. И ако може тоа демонстрирање на глупоста да го претставите и надвор од границите на држават, тогаш вие сте врвот. И после кога ќе ја ослободат слободата, со нејзе ќе завладее глупоста… олицетворена во будалиот. Тоа е иднината што се нуди.

Некој сака будалиот и глупоста, да ја “киднапираат” оваа држава. Исто како што го имаат киднапирано правотот на слободно изразување и претставено како само ним легитимно човеково право. Речено пинаку, ако не и аплаудираш на глупоста и не му се восхитуваш на будалиот, тогаш си соучесник во “талибанскиот режим”. Па така киднапирана, да направат држава на будали и на глупост.

Ако 2013-та беше годината на будалиот и глупоста, 2014-та ќе биде година во која политичката платформа на глупоста ќе бара нејзино верификување на избори. Тоа ќе биде и година на падот на будалиот и неговата глупост од пиедесталот… со уште еден пораз на менторите.

За ДенешенМарјан Николовски - Новинар 

27.12.2013 - 22:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега