ВМРО-ДПМНЕ: Нема да преживее полички тајфата на Ахмети

 

ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која пред шест месеци замина на буништето на историјата повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда и транспарентност? Очигледно, уживаа во комфорот на криминалните приходи, додека народот плаќаше за нивната негрижа.

Зборуваат за „заштита на интересите“, а нивниот најголем интерес секогаш биле нивните банкарски сметки полни со украдени народни пари.

ДУИ се однесува како актер во заборавена сапуница – нивните приказни повеќе никого не интересираат.

Македонија нема потреба од нивните спектакли.

Време е да престанат да го манипулираат народот и да го прифатат фактот дека нивното време помина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

22.01.2025 - 17:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега