Трамп сака да го преземе Панамскиот канал, Русија со предупредување

 


Русија денеска го предупреди новиот американски претседател Доналд Трамп да не ни помисли да ја преземе контролата над Панамскиот Канал.

Трамп најави дека ќе ја преземе сопственоста на оваа клучна поморска трговска рута, која Америка ѝ ја отстапи на Панама во 1977 година, нарекувајќи ја витална за американските интереси и не ја отфрли можноста за употреба на воена сила за да ја постигне својата цел.

Тој во вчерашното инаугуративно обраќање повторно го спомна Панамскиот Канал велејќи: „Американските бродови се сериозно преоптоварни со цените… И, пред сè, Кина управува со Панамскиот Канал, а ние не ѝ го предадовме на Кина, ѝ го дадовме на Панама, и ќе го вратиме“.

Сепак, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Панамскиот Канал законски ѝ припаѓа на Панама и ги предупреди САД да не се обидуваат да го вратат ниту преку воена ниту со економска принуда.

„Очекуваме дека за време на разговорите меѓу раководството на Панама и американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата за контрола над Панамскиот Канал… страните ќе го почитуваат сегашниот меѓународен правен режим на овој клучен воден пат“, изјави Александар Шчетинин, директор на вработувањата во одделот за Латинска Америка во руското Министерство за надворешни работи, според руските државни медиуми.

„Русија ја потврдува својата посветеност на одржување на постојаната неутралност на Панамскиот Канал залагајќи се за одржување на овој меѓународен транзитен воден пат безбеден и отворен“, рече Шчетинин додавајќи дека САД немаат право да се мешаат во внатрешните работи на Панама.

Панамскиот Канал ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан и е еден од најважните трговски патишта за САД, со речиси 40 отсто од сите американски контејнерски бродови што минуваат низ него.

Првичната закана на Трамп за Каналот минатиот месец наиде на остра осуда од панамскиот претседател Хозе Раул Мулино.

„Како претседател, сакам да разјаснам дека секој квадратен метар од Панамскиот Канал и неговата поврзана зона ѝ припаѓаат на Панама и ќе останат такви“, рече Мулино.

21.01.2025 - 14:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега