Апсења на повеќе локации во Македонија

 


Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на државата.

На 17.01.2025 година во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.М.(26) и М.М.(23) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2025 година во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Е.(21) од Скопје затоа што кај  него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2025 година во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Е.Р.(19) од село Јеловјане, општина Боговиње, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2025 година во 13.10 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишиле од слобода З.Ш.(46) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен Суд Велес, биле пронајдени и одземени непозната зелена растителна материја и дигитална вага.  З.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  17.01.2025 година во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од НККР Свети Николе го лишиле од слобода Д.М.(39) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.01.2025 година во 19.10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола на улица „Илинденска“ во Битола го лишиле од слобода В.К. (36) бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена  грутчеста материја. Истиот е приведен во полициска станица Битола при што ќе следува соодветна пријава.

18.01.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега