Непалците се пожалија: Имаме многу тигри - нека ги земе некој

 

Непал е глобално познат по тројно зголемување на популацијата на тигри во последната деценија, но премиерот КП Шарма Оли верува дека неговата земја можеби била премногу успешна.

„Во толку мала земја имаме повеќе од 350 тигри. Не можеме да имаме толку многу тигри и да ги оставаме да јадат луѓе“, рече Оли во декември.

Во нападите на тигри од 2019 до 2023 година загинаа 40 луѓе, а 15 беа повредени.

Но, локалните заедници велат дека реалната бројка е многу поголема.

„150 тигри ни се доволни“, рече Оли во декември, дури сугерираше дека Непал може да ги донира своите големи мачки на други земји.

Наместо тоа, непалската влада треба да се фокусира на проширување на заштитените области кои имаат разумна природна густина на плен и тигри.

Кога дивите животни ги напуштаат заштитените подрачја во потрага по плен, се случуваат напади врз луѓето.

 

17.01.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега