Македонките раѓаат и на 14 и на 49 години - еве колку бебиња дошле на свет годинава

На Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје во 2013 година се родиле четири тројки и 129 пара близнаци. Како што пренесува Вечер, во Македонија изминативе неколку години се раѓаат по околу 23.000 бебиња годишно, а до средината на месецов на Клиниката за гинекологија се родија 5.451 новороденчиња од кои 1.489 со царски рез, а останатите 3.962 бебиња се дојдени на свет со спонтани породувања.

Годинава мајките кои родиле деца биле на возраст од 14 до 49 години. Годинава се породила 14-годишна тинејџерка, а исто така и најстарата родилка имала 49 години.

- Околу 35,1% од живородените деца се од мајки кои се на возраст од 25 до 29 години, потоа следуваат мајки на возраст од 30 до 34 години со 25,1%, а на мајките од 20 до 24 години уделот во вкупниот колач е 23,8%. Просечната возраст на мајката која за прв пат родила е 28,1 години – анализираат статистичарите и дополнуваат дека лани се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години, како и 2.742 вонбрачни бебиња, пренесе Вечер.

Најмногу бебиња се родиле во Скопскиот регион, а најмалку во источниот регион на Македонија.

27.12.2013 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега