Кривично ќе се гонат тројца кои го претепаа кучето Феликс
Кривична пријава е поднесена против три лица за крвничкото претепување на Феликс, бездомното куче кое угина вчера, а чија судбина допре до илјадници луѓе во земјава. Кривичната пријава е поднесена за „мачење животни“, дело предвидено и казниво согласно член 233 од Кривичниот законик.
„СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава со КУ број 7367 против Љ.К.(61), Б.Б.(64) и З.Д.(74), сите од Скопје. За сите дополнителни информации може да се обратите до надлежното ОЈО Скопје, во чија надлежност за постапување е горенаведената кривична пријава“, изјавија од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа