Таен состанок меѓу Кејт Мидлтон и кралот Чарлс не ветува добро: Дали се подготвуваат за најлошото

 

Се чини дека вестите од Бакингемската палата не престануваат да доаѓаат, па оваа ги заинтригира сите оние кои внимателно ги следат настаните поврзани со кралското семејство.

Имено, сега се работи за кралот Чарлс и Кејт Мидлтон.

Извор тврди дека Кејт Мидлтон имала приватна средба со кралот Чарлс Трети за нејзиното семејство кое се подготвува да го наследи 75-годишниот британски монарх порано од очекуваното, бидејќи тој поминува речиси една година во борба со ракот.

На Чарлс му беше дијагностициран ракот по операција на клиника во Лондон на почетокот на 2024 година и сè уште се бори со болеста.

И додека британското кралско семејство продолжува да се грижи за нивниот монарх, тие се подготвуваат за сите исходи, вклучувајќи ја и неговата смрт, при што принцот Вилијам доби дополнителни улоги, а сега 43-годишната Кејт, исто така, се чини дека е информирана за превземањето на тронот.

-Таа и Чарлс имаа приватен состанок за нејзиното закрепнување порано од очекуваното. Како што можете да замислите, врската меѓу нив двајца е неверојатно блиска. Тие беа подршка еден на друг преку нивните битки со ракот. Затоа Чарлс направи напор да и се даде доволно простор да се опорави за неизбежниот момент кога тој и Камила ќе ја предадат палката, изјави извор за RadarOnline.com.

По смртта на кралот, на тронот ќе застане Вилијам, а неговата сопруга ќе стане кралица, па се подготвуваат за преоден период во кој и Камила ќе стане кралица доверител.

Медиумите по ваквите информации потсетуваат на Логан Смит, твитер корисник, кој го предвиде датумот на смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој напиша дека таа ќе почине на 8 септември 2022 година, што и се случи.

По смртта на кралицата, Логан ја дополни објавата со предвидување на датумот на смрт на кралот Чарлс Трети. Тој предвиде дека Чарлс ќе почине на 28 март 2026 година.

24.12.2024 - 23:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега