Велјановски: Со две акции се разбија терористичка група и криминални мрежи
На вeчерашното издание во емисијата Анализа 24 на 24 Телевизија, гостуваше пратеникот Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се осврна на актуелните случувања во земјата поврзани со борбата против корупцијата и организираниот криминал.
„Апсолутно сведоци сме на една силна борба против корупција и организираниот криминал. Навистина денеска бевме сведоци на еден динамичен ден во којшто беа објавени неколку акции коишто значат силна борба против кримиланот и корупцијата во државава. И сведоци сме исто така дека и изминативе денови имаше броојни случаи коишто беа завршени со обвиненија соодветни или пак покренување на истраги против високи фунцкионери од поранешната власт “, изјави Велјановски,
Велјановски посочи на конкретен случај како аферата Адитив, која ја вклучува истрагата за енергетски комбинати, меѓу кои и РЕК Битола.
,,Тука кога зборувам за ова мислам на аферата Адитив, со енергетски комбинати како што е РЕК Битола каде што нели имаме таму една силна истрага и под сомневање дека се злоупотребени државни средства, огромни суми. Денеска бевме сведоци на покрената истрага и ева веќе и барања за притвор на поранешни високи функционери меѓу другото вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ и поранешен директор на државната лотарија“, рече Велјановски.
Велјановски посочи и дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се обрати на прес-конференција, и ги објави резултатите од две акции.
„Исто така на прес-конференција можевме да го слушнеме министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како објави за две акции, едната за сузбивање на терористичка група која што е поврзана со ИСИС, и втората акција за разбивање на криминална група со повеќе претреси акции, во домовите за лица кои се осомничени и се бараат за убиства, уцени, закани. Едноставно лица кои што долго време нанесуваа страв и терор врз населението“, додаде Велјановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа