Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку 7 убиства се расветлени
Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство.
Тошковски посочи дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 18 члена организирана криминална група, составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје.
-Претреси се извршени кај 24 лица на вкупно 30 локации, од кои 28 на подрајче на Скопје и две на подрачје на Велес. По извршените претреси досега е пронајдено огнено оружје, друга опрема поврзано со истото, панцири и досега се пронајдени некаде околу 30 милиони денари, во различни апоени, кај осмоничените, пет моторни возила се одземени, накит, поголема количина на злато, девет мобилни телефони, пет сим картички, држачи за истите, 12 рачни часовници, ресивери и итн, кои се одземени и ќе бидат предмет на вештачење, изјави Тошковски.
Во тек се претреси, а како што рече Тошковски и ќе продолжат и во наредните денови. Посочи дека на 16 декември поднесена е кривична пријава против 18 лица за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во обид, кои се извршени во последните две-три години, а меѓу кои познато за јавноста во Шиша бар, кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност, како поднесена е и кривична пријава за изнуда предизвикување на општа опасност и злосторничко здружување.
-Во текот на 2020 година дел од пријавените создале група, која имала за цел вршење на кривични дела убиство. Организаторите на оваа криминална група подготвувале планови и носеле одлуки, за тоа кој, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група, кои ги прифаќале и спроведувале, вели Тошковски.
Тој истакна дека во текот на 2021 година пет лица создале и група за извршување на убиства, кои се приклучиле кон оваа група, прифајќи го планот за лишување на лица од други организирани групи, како и на лишување на лица поради одмазда.
Тошковски истакна дека групата била организирана и секое од лицата имало задачи. Во 2023 година од осмоничените лица, или вкупно тројца формирале и група за изнуда, кои на насилен начин, со сериозни закани изнудувале пари од менаџери, сопственици, а дел од криминалната група била задолжена и за опожарување на објекти и автомобили. Секој од нив имал задачи во делот на планирање, упатување на закани, како и на земање на пари, за наводно обезбедување на објекти, меѓу кои и на спортски обложувалници. Оваа криминална група опожарила пет спортски обложувалници и една сендвичара. Оваа група се поврзува и со опожарување на возилата на вработени на затворската полиција. Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека со оваа истрага најмалку седум убиства се расветлени, а посочи дека акцијата покажала дека и нечесни полицајци, кои помогнале на еден од осмоничените на 10 минути пред да влезе полицијата во објектот излегол од него. Порача дека заврши времето на криминалот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа