Вработени во ЕВН физички нападнати во Велес

 


Тројца велешани нападнале вработени во ЕВН. 

- На 11.12.2024 во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18), Р.Б.(23) и Ф.В.(27), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, по што фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило, информираат од полицијата. 


 

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. 

12.12.2024 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега