Кобна ноќна смена: Медицинска сестра пронајдена мртва во тоалетот на Општата болница

Медицинската сестра Наташа М. (26) ноќеска починала под неазјаснети околности во општата болница во Кикинда, Србија. Што точно се случило додека несреќната девојка работела во ноќната смена се уште не е познато. Според неофицијалните информации, на медицинската сестра и се слошило додека била во тоалетот каде колегите и ја принашле. Сите обиди на медицинскиот персонал да и го спасат животот завршиле без успех.
Локалната полиција се уште не излегува со официјални инфрмации во какви околности настапила смртта кај Наташа, но според неофицијалните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, не станува збор за насилна смрт.
„Телото е испратено на обдукција во новосадскиот институт за судска медицина. По добиањето на обдукцискиот наод ќе се знае под какви околности починала медицинската сестра. Истрагата е во тек“ - изјавиле од полицијата.

26.12.2013 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа