Два силни земјотреси ноќеска ги вознемирија граѓаните

 

Два земјотреси, едниот со јачина од 4, а другиот од 3,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани ноќеска во Призрен, Косово, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Првиот од земјотресите, со јачина од 4 степени, се случил по локално време во 1:46 часот на 16 километри од Призрен и на 74 километри западно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

 

Вториот земјотрес, што бил со јачина од 3,2 степени, е регистриран во 3:59 часот на 19 километри од Призрен и на 7 километри од Драгаш. Овој земјотрес, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 11 километри.

Земјотресите, според пишувањата на граѓаните на социјалните мрежи, биле почувствувани и во северниот дел на Македонија, во околината на Тетово, Гостивар и во Скопје.

12.12.2024 - 08:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега