Полициска акција во угостителски објект во Тетово: Приведени 17 жени - само една е Македонка
Денеска во периодот од 00.30-03.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци.
При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава - Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа