Нов земјотрес ја погоди Македонија - втор за само неколку часа

 


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 27.11.2024 година во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

27.11.2024 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега