Од утре никаде без чадор - до сабота магла и дожд

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер поради што маглата по котлините би требало да се расчисти. Во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Во утринските часови ќе има магла, а во текот на денот маглата ќе се расчисти и ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се сушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Влажниот бран од југозапад што земјава ќе ја зафати утре попладне ќе трае се до сабота претпладне, а пообилни врнежи ќе има во петок, особено во јужните делови од земјава. Врнежи од снег се можни само на некои повисоки планини со над 2.000 метри надморска висина.

25.12.2013 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега