Заев: Црвенковски направи приватизација во корист на граѓаните (ВИДЕО)

Зоран Заев во интервјуто на МРТ  ја пофали приватизацијата која ја спроведе Бранко Црвененковски и ја оцени како корисна за граѓаните.
„Во тој период знам дека носеше одлуки ( се мисли на Бранко Црвенковски), бев активист на партијата прилично упатен, носеше максимално одлуки кои се во корист на граѓаните“- рече Зоран Заев во интервјуто кое предизвика реакции во јавноста поради неговите контроверзни ставови.
Зоран Заев со оваа изјава и даде легитимитет на приватизацијата и транзицијата која ја спроведе Бранко Црвенковски, која според многумина беше оценета за криминална и од која произлегоа 200 000 невработени и беа затворени близу 600 фабрики и фирми.
Експерите  изминативе 20 години постојано посочуваа дека владата на Бранко Црвенковски го одбра најлошиот модел на приватизација од кој корист имаа само директорите на фирмите кои ги присвоија, а работниците ги оставија на улица. Вредноста на фирмите кои се приватизираа според проценките на експертите беше околу 3,3 милијарди марки, а од приватизацијата се слееа само 24 милиони во Агенцијата за приватизација. Токму поради обезвреднувањето на имотот, најголем дел од капиталот остана во рацете на олигарсите кои се создадоа токму во времето на Бранко Црвенковски.

 

Како нус производ на таа приватизација произлегоа рекорданата невработеност и сиромаштија во државата кои до ден денес ја обременуваат македонската економија и стопанство. 

25.12.2013 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега