Палевски размислувал за политички азил
Денеска во Основен кривичен суд Скопје за убиството на Вања и Панче сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција
Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил.
-Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот.
Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно.
-Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот.
На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта.
Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа