Пукање во гостиварско: Едно лице пренесено во болница, осомничениот уапсен

 


Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од Форино, гостиварско.

„Тој се сомничи дека претходно во Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со 4 куршуми.“, стои во полициското соопштение.

18.11.2024 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега