Дехари од ДУИ му испратил писмо на Мицкоски: Дозволете ми да останам директор

 

В.Д. директорот на Јавната установа национален парк „Шар Планина“ и дел од ДУИ, Ибрахим Дехари преку социјалните мрежи информира дека на првата конститутивна седница на новиот Управен одбор што се очекува да се одржи денеска, ќе има и негова промена.

Тој вели дека му испратил писмо на премиерот Христијан Мицкоски во кое се бара да остане на функцијата, бидејќи, не е член на ниту една партија.

„Ви пишувам како човек кој ја сака нашата држава и луѓето кои живеат во неа. Владата ме назначи за директор во 2021 година со тоа што ми даде решение напишано на еден лист. Избрав тим на стручни и посветени луѓе со кои веќе трета година успешно го градиме новиот Национален Парк. За само две години создадовме институција со која и ние и државата се гордееме, но одлуките кои се пред Вас можат да ги уназадат процесите и успесите. Се обраќам преку низа аргументи и со надеж дека ќе донесете мудра одлука во интерес на државата, а не во интерес на политиките. Можеби ќе звучам нескромно но после 50 години движење на Шар Планина, можам да речам дека го знам секој камен на планината. Точно е дека бев назначен за директор од претходниот владин состав но ја добив и ја прифатив одговорноста поради тоа што ја познавам планината, го познавам локалното население, околностите во кои живеат луѓето и секогаш сум се залагал за нивна благосостојба. Никогаш не сум се декларирал како дел од одредена партија, затоа ни сега не прифаќам да бидам брендиран“, се вели во писмото.

Во писмото вели дека се надева оти премиерот ги препознава позитивните промени во претпријатието и се надева дека ќе му овозможат непречено да се залага да престанат „силувањата“ на Шар Планина.

15.11.2024 - 19:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега