Антикорупциска пред банкрот

 

Тројца поранешни антикорупционери удрија по буџетот на Антикорупциската Комисија. Вања Михајлова, Асание Асани и Мервед Хисмани добија над  1 милион и 600 илјади денари поради грешка во пресметката на нивните плати. Извори на Press24 од граѓанскиот суд потврдуваат дека извршната пресуда веќе ги наградила поранешните а ги осиромашила сегашните членови на Комисијата која се бори со корупцијата.

Уште во 2007ма го започнале судскиот процес за парите од претходните 4 години.  Го искористиле законскиот рок и побарале нивниот поранешен работодавец дебело да ја плати погрешната пресметка.  Сега износот од речиси 30 илјади евра сериозно ќе ги промени плановите на сегашните антикорупционери.

Буџетот на Антикорупциската комисија за 2013 изнесува 22 милиони 282 илјади денари за 24 вработени во ова тело. Високата отштета се заканува да им ја наруши математиката за опстанок- слично клако во 2010та кога на сметката на комисијата немаше ниту пари за плати па на помош беше повикана владата..

Во 2011та антикорупционерите станаа професионалци. Се откажаа од своите работни места и се вработија во телото кое треба да работи на спречување на корупцијата во државата.

Претходно, во составот избран во времето на СДСМ од кој излегоа и тужителите, членовите беа хонорарци. Приходите од антикорупцискжа им беа само додаток на нивната основна плата.

најчитано сега