Нов проект на Владата - ќе плаќа пола куќа за млади брачни двојки
Министерот за транспорт денеска во Штип најави дека од идната година Владата планира да лансира нов проект кој ќе им овозможи на младите полесно да купат или да изградат куќа. Тој објасни дека планот на Владата е да финансира и до половина од трошоците за изградба или за купување на куќа.
„Интензивно го работиме од следната година, Купи или изгради куќа за млади каде што за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности кои ќе покриваат и до 50% од трошоците за изградба или за купување“ – рече министерот за транспорт Александар Николоски.
08.11.2024 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа