Паника во САД: Не излегувајте надвор - избегаа 40 мајмуни
Полицијата трага по 40 мајмуни кои вчера навечер побегнале од истражувачкиот центар Алфа Генезис во Јужна Каролина.
Полицијата постави замки и користи термални камери во обид повторно да ги фати животните.
- На жителите им се советува да ги држат затворени вратите и прозорците за да ги спречат овие животни да влезат во нивните домови. Секој што ќе го пронајде мајмунот не треба да стапи во контакт со него, туку да се јави на 911 - соопшти полицијата во Јемаси, во округот Бофор, пренесува NBC News.
Алфа Генезис спроведува клинички испитувања на мајмуни, вклучително и третмани за мозочни нарушувања и тврди дека има „еден од најголемите и најсеопфатните објекти за примати дизајнирани специјално за мајмуни во САД“.
Полицијата не прецизира за која раса на избегани примати се работи, но на веб-страницата на истражувачкиот центар пишува дека работат со макаки и капучини. Исто така, не е познато во какви експерименти учествувале избеганите мајмуни и дали биле изложени на некоја болест. Не се огласиле од лабораторија.
Американскиот ТВ канал потсетува дека институцијата обезбедила федерален договор за управување со колонија од 3.500 мајмуни на островот Морган во близина на брегот на Јужна Каролина, познат и како остров на мајмуните.
Локалните медиуми наведуваат дека мајмуните бегале неколку пати во областа, вклучително и оваа година и во 2016 година кога 19 примати избегале од обезбедувањето во Алфа Генезис пред да бидат повторно фатени шест часа подоцна. Исто така, во 2022 година, три мајмуни избегале по сообраќајна несреќа во рурална Пенсилванија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа