Трајков: Фокусирани сме на добрососедска политика

 

Фокусирани сме на добрососедска политика и мислам дека конечно во 21 век треба да се фокусираме на взаемен економски прогрес на државите, а за историските теми нека разговараат историчарите, изјави во Битола, Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања.

На панел дискусија посветена на „Проширувањето и Западниот Балкан – предизвици и можности“, Трајков нагласи дека вештачки наметнатиот билатерален спор со Бугарија го попречува европскиот пат на Македонија.

– Како нова влада во моментов сме посветени на реформите и се трудиме Европа да ја донесеме во нашата земја. Европа е асоцијација на добро здравство, на реформи во судството, на безбедност, на зелена агенда и на се што значи подобар живот на граѓаните. Поподготвени сме од земјите во опкружувањето, но тоа што вештачки ни се наметнува како билатерален спор го попречува патот на нашата држава. Ние посветено ќе ја завршиме нашата домашна работа и се надевам дена Европската унија и Европската Комисија ќе го признаат сето тоа за да Македонија стане дел од големото европско семејство. Како нова влада се надеваме дека во Бугарија ќе има официјални лица за да може да се преговара. Во секој случај ние сме фокусирани на добрососедска политика и мислам дека конечно во 21 век треба да се фокусираме на взаемен економски прогрес на државите, а за историските теми нека разговараат историчарите, истакна заменик министерката за европски прашања Трајков.

Универзитетскиот професор Васко Наумовски, на панел дискусијата Катедра Аденауер 2024, предочи дека за веропскиот патт на земјава најголемата пречка е билатералниот спор со соедна Бугарија и како што рече се додека не го затвориме тоа прашање, тешко можеме да се надеваме дека може да одиме напред.

-Пред нас препречени се билатерални прашања кои што мора да ги завршиме во еден отворен дијалог со соседна Бугарија, и во таа насока се надеваме на поддршката од останатите држави членки, од европските институции кои што можат да ја охрабрат Бугарија да го затвори ова прашање и да престанат да го користат правото на вето. Од извештаите на Европската Комисија забележуваме дека во континуитет имаме поголеми предизвици во областа на борбата против корупцијата каде што се потребни конкретни чекори, а не само декларативни најави и тука ќе биде нашиот најголем предизвик, но сепак најголемата пречка е билатералниот спор кој што го имаме со соедна Бугарија. Се додека не го затвориме тоа прашање, тешко можеме да се надеваме дека може да одиме напред. Добро е што нашата влада има повеќе иницијативи кои имаат за цел да го затворат ова прашање, затоа што прашањата што ги наметнува соседна Бугарија не се поврзани со критериумите од Копенхаген, а кои што важеа за сите држави кои што претходно беа дел од процесот на проширување, истакна Наумовски.

Во име на домаќинот, учесниците на панел дискусијата ги поздрави ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Игор Неделковски кој истакна дека УКЛО-Битола веќе е дел од Европската унија бидејќи битолскиот Универзитет е рамноправен член на Европската универзитетска Алијанса КОЛОРС, додека проректорот Горан Илиќ нагласи дека панел дискусијата овозможува идентификување на главните причини за пасивноста на Европската унија во Западниот Балкан, иако пројавува соодветен интерес манифестиран со креирање на фонд за финансиска поддршка на државите кандидати од Западен Балкан за членство во ЕУ. Се надевам рече Илиќ, дека ЕУ ќе има капацитет и способност да го препознае геополитичкиот момент и државите од Западен Балкан, конкретно Македонија веднаш да почне со присапните преговори и за скоро да биде полноправна членка на Европската унија.

06.11.2024 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа