Медиумските закони во рацете на пратениците
Пратениците денеска ја продолжуваат 72 седница на која ќе се расправа за медиумските закони. Ќе се разгледуваат дополнетите предлози на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на законот за медиуми, двата во второ читање.
На дневен ред на оваа седница е и барањето за давање автентично толкување на член 196 од Законот за извршување, поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
По завршувањето на 72. седница треба да продолжи 80. седница на која на дневен ред се повеќе закони во прво и во второ читање, како и ратификации.
Народните избраници, меѓудругото, треба да расправаат за измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, на Царинскиот закон, сите во второ читање и педесетина други.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа