Венс: Ова е најголемото политичко враќање на сите времиња
Џеј-Ди Венс излезе на сцената во Вест Палм Бич, Флорида. Тој веднаш му оддаде признание на Доналд Трамп, заблагодарувајќи му се за можноста да му биде потпретседател
Мислам дека штотуку бевме сведоци на најголемото политичко враќање во историјата на Соединетите Американски Држави“, вели тој.
„Под водство на претседателот Трамп, никогаш нема да престанеме да се бориме за вас, за вашите соништа, за иднината на вашите деца. И по најголемиот политички камбек во американската историја, ќе го водиме најголемиот економски камбек во американската историја – под раководството на Доналд Трамп“, рече Венс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа