Хаос на протестите во Нови Сад: Искршени прозорци и врати на собранието, се пукаат петарди

 

Учесниците на вечерашниот протест на опозицијата во Нови Сад ги искршиле прозорците и вратите на градското собрание во Нови Сад и внатре фрлале факели и петарди, обидувајќи се насилно да влезат во зградата, а полицијата реагирала и употребила солзавец.

Учесниците на протестот истураа фекалии врз зградата на Градското собрание и фрлаа по неа со црвена боја и камења.

Тие тврдат дека сакаат да влезат внатре за да ги предадат барањата при што скандираат  „Влези, влези“.

Учесниците на протестот со нозе ги искршиле и стаклата на зградата.

Демонстрантите кршеа и стакло со нозете.

Тие претходно повторно ги нападнале просториите на СНС при што фрлале камења, јајца и други предмети и ги кршеле стаклата од просториите.

Во Нови Сад, во тек е протестот организиран од опозицијата во врска со смртта на 14 лица при уривање на настрешницата на железничката станица во тој град, со барање да бидат казнети сите виновници за несреќата и премиерот на Србија и градоначалникот на Нови Сад да поднесат оставки.

Тие побараа овие барања да се исполнат во рок од 48 часа.

05.11.2024 - 20:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега