ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

 

Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите на коридорот 8 дури и од страна на Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нашата правична и визионерска политика, велат од ДУИ. 
 
„Партиите кои денеска го фалеа и се гордееа со проектот, до вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат договорот, а денеска го нарекоа историски проект. 
 
Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама за да се дојде на власт, дури и без етнички легитимитет.
 
Коридорот 8, иако го носи печатот на ДУИ, е на сите граѓани и апелираме тунелот од Гостивар до Букојчани да се реализира бидејќи тоа е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот. 
 
Исто така, предвидениот буџет за овој проект мора да се реализира како што е утврден за да нема намерни опструкции и политички доцнења во реализацијата на проектот“, стои во соопштението на ДУИ.
28.10.2024 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега