Анкета на Си-Ен-Ен: Трамп и Харис се изедначија со 47 отсто поддршка
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, американската потпретседателка Камала Харис, се изедначени со 47 отсто од поддршката меѓу веројатните гласачи, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена во САД, објавена денеска.
Анкетата, спроведена телефонски од 20 до 23 октомври меѓу 1.704 регистрирани гласачи, има маргина на грешка од 3,1 процентен поен меѓу веројатните гласачи и плус или минус 3,2 процентни поени кај целосниот примерок на регистрирани гласачи, објави Ројтерс.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември, а официјалните резултати од изборното гласање ќе бидат објавени на 6 јануари 2025 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа