Teшка сообраќајка: Дедо паднал од мопед - итно е пренесен во болница
69-годишен гевгеличанец е тешко повреден откако паднал со мопед.
- На 23.10.2024 во 17.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија, Р.И.(69) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
24.10.2024 - 14:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа