Терористички напад во Анкара: Има мртви и ранети, се слушна силна експлозија

 

Непознат број на мртви и ранети во териростички напад во Турција. Тамошните власти соопштија дека смртоносен напад е извршен во седиштето на компанијата Turkish Aerospace Industries (ТУСАС) во близина на престолнината Анкара. Локалните медиуми пишуваат за силна експлозија на таа локација и објавија снимки од размена на оган. 

-Изведен е терористички напад на објектот на ТАСУС во Кахраманказан во Анкара. За жал, имаме мртви и ранети луѓе, напиша министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Х.

Засега не е познато кој стои зад експлозијата и пукотниците. Дел од медиумите тврдат дека станува збор за самоубиствен напад.

Безбедносните служби и итната медицинска помош се испратени на лице место.

23.10.2024 - 16:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа