Жена паднала од мотор кој го управувал кичевчанец, пренесена е во болница

 

Жена се здоби со тешки телесни повреди кога паднала од мотор на патот Кичево-Гостивар.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера додека Н.Л.(41) од Кичево управувал мотоцикл „јамаха“.

„Сопатничката А.Н.(40) од Кичево паднала од мотоциклот на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, објави МВР.

Извршен бил увид.

 
23.10.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега