Гаши - Лирман: Сметајте на нашата поддршка за членство во ЕУ

 

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја почнал својата работна посета на Бeрлин со средбата со Ана Лирман, државна министерка за Европа и клима во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши во Берлин е придружуван од генералната секретарка Марина Димовска, а на средбата присуствувал и нашиот резидентен амбасадор, Н.Е. Илбер Села. Како што се наведува во соопштението, на средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји на како на политичко, така и на економско и пошироко општествено нивo и силната и континуирана германска поддршка на нашите еворинтеграции.

Гаши ја истакнал проактивната улога на Германија со иницирањето на Берлинскиот процес, и во месецот кога се одбележува 10-годишнината од неговото постоење, видливи се придобивките за земјите учеснички и нивните граѓани. Во однос на пристапувањето во Европската Унија, било искажано уверување за заокружување на преостанатите домашни обврски, со цел отворање на првиот кластер со апел за поголема предвидливост и појасна траекторија на движење во текот на преговорите и стриктно почитување на Копенхашките критериуми и барања за членство. 

17.10.2024 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега