Фрчат откази во Мета
Американската компанија „Мета“ денеска соопшти дека ги отпушта вработените кои работеле на социјалните апликации „ВотсAп“ (WhatsApp) и „Инстаграм“ со цел „да ги усогласи своите ресурси со стратешките цели“.
– Тоа опфаќа преместување на некои тимови во други градови и префрлање на некои вработени на други работни места … кога нечија улога ќе се елиминира, напорно се работи да се најдат други можности за вработените, се наведува во соопштението на компанијата во чија сопственост е и „Фејсбук“ (Facebook).
Но, „Мета“ не го соопшти бројот на вработени кои добиле отказ.
Американскиот портал за технологија „Верџ“ (The Verge) објави дека „Мета“ ги намали тимовите и на технологијата за виртуелна реалност „Риалити Лабс“ (Reality Labs).
„Мета“ за време на пандемијата забрзано вработуваше, а потоа делеше откази. Во „Реалити лабс“ годинава веќе имало отпуштања, додека во 2023 година беа отпуштени 10.000, а во 2022 година биле отпуштени 11.000 вработени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа