Невреме во Франција: „Ситуацијата е исклучително критична“

 


Неколку области во Франција денеска се под црвен аларм по обилните дождови, кои предизвикаа поплави во југозападниот дел на земјата.

Силни поплави ја погодија областа Аноај, во близина на Сент Етјен.

Градоначалникот Симон Пленет ги повика жителите да останат дома и да ги следат упатствата нагласувајќи дека ситуацијата е екстремно критична.
Децата се евакуирани од училиштата, а затворен е и пристапот до центарот на градот.

Снимката од Аноај покажува целосно поплавени улици, а сите служби се на терен, јавуваат француските медиуми.

17.10.2024 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа