Лефков: СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат

 


СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ,  а сега глумат големи душегрижници, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот, рече Лефков.

„Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат.

И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат.

Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее.

 

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ“, посочи Лефков.

17.10.2024 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега