Стефковски: Реализиравме 530 нови проекти

 


По повод три години од оддржувањето на локалните избори, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово преку видео обраќање се обрати на граѓаните во кое информираше за сработеното во изминатите три години од неговиот мандат.

Во обраќањето градоначалникот Стефковски истакна дека денес повеќе нема населено место во општина Гази Баба кое нема вода за пиење, а по однос на проблемот со недостатокот на фекалната канализација тој полека но сигурно се надминува.

Изградивме спортска сала во Стајковци, а за неколку дена од денес ќе ја пуштиме во употреба и новата сала во Булачани. Дополнително до крајот на годината ќе започнеме со изградба на нова сала и во Црешево. Градиме нова детска градинка во Трубарево, а за неколку недели од денес ќе започнеме со изградба на нова градинка во Инџиково – порача Стефковски.

На крајот од обраќањето градоначалникот Стефковски порача: тука нема да застанеме. Продолжуваме со уште посилно темно да работиме со цел реализација на проект повеќе. Ветив одговорна, чесна и посветена работа и докажав дека тоа е возможно. До последниот ден од мандатот ќе го вложувам и последниот атом од мојата енергија, бидејќи граѓаните заслужуваат дела – заклучи Стефковски.

Мотото под кое градоначалникот Стефковски ќе даде отчет за третата година од неговиот мандат е: 3 години – Дела за Гази Баба.

17.10.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега